X
 15.10.2019 Живот

Зелените покриви можат многу да го подобрат градскиот живот - зошто се ретки?

Покривите покриени со трева, зеленчукови градини и бујно зеленило сега се вообичаена глетка во многу градови низ светот. Сè повеќе приватни компании и градски власти инвестираат во зелени покриви, привлечени од нивните широки придобивки што вклучуваат заштеда на трошоците за енергија, ублажување на ризикот од поплави, создавање живеалишта за урбан животински свет, справување со загадувањето на воздухот и урбаната топлина, па дури и производство на храна.

Неодамнешниот извештај посочува дека пазарот на зелени покриви во Велика Британија се шири со стапка од 17 отсто секоја година. Најголемата фарма на покрив во светот ќе биде отворена во Париз во 2020 година, а слични шеми ќе се применуваат и во Њујорк и во Чикаго. Штутгарт, Германија, се смета за „зелен главен град на Европа“, додека Сингапур инсталира зелени покриви и на автобусите.

Овие радикални урбанистички дизајни можат да им помогнат на градовите да се приспособат на големите предизвици со кои се соочуваат, како што е пристап до ресурси и недостиг на зелен простор заради развојот.

Тековните истражувања покажуваат како зелените покриви можат да се интегрираат со живите ѕидови и одржливите системи за одводнување на земјата, како што се уличните дрвја, за подобро управување со водата и изградбата на околината да биде поодржлива.

2
Зелен покрив на облакодер во Њујорк/Фото: iStock


Истражувањата исто така ја демонстрираат социјалната вредност на зелените покриви. Лекарите сè повеќе и повеќе прeпишуваат време поминато во градинарство на отворено за пациенти што се соочуваат со анксиозност и депресија. Истражувањето открило дека пристапот до најосновните зелени места може да обезбеди подобар квалитет на живот за луѓето што страдаат од деменција и да помогне во спречувањето на дебелината.

Во Северна Америка зелените покриви станаа секојдневие. Тие станаа достапни, а со нивна помош може да се произведе и храна за луѓето што живеат во зградите. Повторно, градските лидери и власти помогнаа во тоа - неодамна Сан Франциско создаде политика со која се бара новите згради да имаат зелени покриви. Торонто има политики кои датираат од 90-тите години, поттикнувајќи го развојот на урбаните фарми на покривите.

Овие земји имаат корист и од тоа што имаат понови згради, што го олеснува инсталирањето на зелени покриви. Зачувувањето и дистрибуирањето вода директно низ покривот е клучно за одржување на растенијата на кој било зелен покрив - особено на покривите каде што се одгледуваат овошје и зеленчук. И многу е полесно да се создаде овој капацитет во поновите згради, кои вообичаено имаат поголема тежина. Да се ​​има посилен покрив, исто така, го олеснува одгледувањето повеќе видови растенија бидејќи почвата може да биде подлабока.

За зелените покриви да станат норма за нов развој, треба да се купат од јавните власти и приватниците.

За да се ​​убедат инвеститорите дека инсталирањето зелени покриви вреди, најважни се економските аргументи. Терминот „природен капитал“ е развиен за да се објасни економската вредност на природата; на пример, мерење на заштедените пари со инсталирање природни решенија за заштита од оштетување од поплави, приспособување на климатските промени или помагање на луѓето да водат поздрав и посреќен живот.

Како што расте стручноста за зелените покриви, така се развиени официјални стандарди за да се обезбеди правилно дизајнирање, градење и нивно одржување за тие да функционираат подобро. Исто така, подобрувањата во науката и технологијата што го поддржуваат развојот на зелениот покрив доведоа до нови варијации на концептот.

На пример, „сините покриви“ го зголемуваат капацитетот на зградите да ја чуваат водата подолг период наместо да се исцеди брзо - клучно во време на поголеми врнежи од дожд. Исто така, постојат комбинации на зелени покриви со соларни панели и „кафеави покриви“ кои го зголемуваат биодиверзитетот.

Доколку трендот продолжи, би можел да создаде нови работни места и поживописна и одржлива локална економија за храна, заедно со други придобивки. Сè уште постојат бариери за надминување, но досега доказите укажуваат дека зелените покриви имаат потенцијал да ги трансформираат градовите и да им помогнат да функционираат одржливо долго во иднина. Приказните за успех треба да се проучуваат и да се применуваат и на други места за да се направат зелените, сините и кафеави покриви што произведуваат храна норма во градовите низ целиот свет.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот