X
 15.12.2023 Забава

„Нетфликс“ најави видеоигра базирана на „Игра со лигни“

Дали се прашувате како би изгледало да ги играте игрите од серијата „Игра со лигни“ додека седите на својот кауч? Доколку одговорот на ова прашање е позитивен, треба да знаете дека „Нетфликс“ најави видеоигра базирана на серијата.

Видеоиграта ќе им биде достапна бесплатно на сите корисници на „Нетфликс“. Во неа ќе може да се натпреварувате со други играчи во игри од серијата.

Оваа видеоигра е една од дури 86 кои треба да им бидат достапни на корисниците на платформата до крајот на наредната година.

На платформата неодамна излезе и реално шоу базирано на популарната серија.




Извор: The tab
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава