X
 02.01.2016 Живот

Временска прогноза и какво време не очекува следните 5 дена

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во сабота ќе имаме малку потопло утро  со  утринските температури ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од -11 до -1 степен. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. И максималните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 0 до 10 степени.



СКОПЈЕ - Студено саботно утро. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -5 степени, а максималната дневна до 6 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на местата над 900 метри врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури од 0 до 9 степени. Облачно со врнежи од дожд а на повисоките места од 1200 метри со врнежи од снег ќе биде во понеделник и вторник. Максималните температури идентични и ќе се движат од 1 до 10 степени. Продор на нова циклонска активност и нови врнежи се очекуваат во среда, а дневните температури од 3 до 12 степени.

weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот