X
 09.01.2016 Живот

Науката одговори: Кој вози подобро - мажите или жените?

Иако мажите нема да се согласат, податоците покажуваат дека жените се подобри возачи од мажите.


Имено, ново британско истражување докажало дека жените се подобри возачи во дури 58% од случаите за разлика од спротивниот пол. Истражувањето било спроведено земајќи ги предвид полот на возачот во автомобилот и бојата на автомобилот.

Најбезбедната опција, според податоците, е жена возач во црвена „Хонда“.

Резултатите од ова истражување покажале и дека најлоши возачи се оние во дваесеттите години, независно од полот.

„Добивме многу интересни резултати кои ни ги покажуваат трендовите во возењето ширум Велика Британија. Анализиравме голем број документи и многу статистики кои беа корисни за нас. Благодарејќи на овие резултати ќе бидеме во можност да предвидиме многу работи во сообраќајот за следната година“, вели Лојд Бадран, еден од авторите на истражувањето.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот