X
 22.06.2023 Живот

Жените без партнер се посреќни од мажите-самци

Се нервирате затоа што не сте во врска? Не треба да бидете. Ново истражување покажува дека жените кои се сами можеби се посреќни отколку оние во врска.

Во истражувањето спроведено на испитаници од Велика Британија, 61 отсто од жените кои се сами изјавиле дека се среќни, додека само 49 отсто од мажите кои се сами го изјавиле истото. Анкетата покажала и дека 75 отсто од жените кои не се во врска, а 65 отсто од мажите кои се сами, не барале врска во последната година.

Разликата помеѓу мажите и жените била највидлива во возрасната група 45-65, каде 32 отсто од жените биле среќни што се сами, а само 19 отсто од мажите се чувствувале среќни што се сами.

Според Емили Гранди од Универзитетот во Есекс, жените во врска мора да вложат повеќе труд од мажите, па затоа да се биде во врска може да биде напорно.

- Постојат докази дека жените поминуваат повеќе време на домашни обврски од мажите а јас мислам и дека тие исто така се емотивно повеќе вклучени, значи тие завршуваат повеќе домашни обврски и готват, но и емотивно се поисцрпени - според Гранди.

Освен тоа, мажите често се потпираат на своите партнери, додека жените почесто имаат блиски пријателки и социјални кругови. Гранди објаснува дека жените кои немаат партнер почесто имаат повеќе пријатели и прават повеќе социјални активности.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот