X
 14.01.2016 Живот

Временска прогноза: Во наредните денови се очекуваат врнежи од снег

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во четврток по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и топло. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер, а во југоисточните предели ќе дува и доумерен северозападен ветер. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од -4 до 4 степени, а пак максималните дневни температури ќе достигнат до 3 односно до 14 степени.



СКОПЈЕ - Во Скопје во четврток во утринските часови ќе има појава на слаба магла, во текот на денот претежно сончево и топло. Слаб јужен ветер. Утринската температура од -1 степен, а максималната дневна до 10 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, навечер нестабилно со врнежи од дожд, над 1000 метри со врнежи од снег. Дневни температури од 4 до 14 степени.  Во сабота облачно со врнежи од дожд кои ќе преминуваат во врнежи од снег и врнежи од снег и ветровито. Врнежи од дожд само во Гевгелиско-Валандовскиот регион. Дневни температури од -1 до 9 степени. Во недела облачно со врнежи од снег, ветровито и студено. Утринските температури од -7 до 0 степени, а дневните од -5 до 3 степени. Во понеделник умерено облачно со провејување на слаб снег, ветровито и студено. Минималната температура од -9 до -2 степени, а максималните дневни од -6 до 1 степен.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - Поради врнежите од снег и силниот северен ветер кои се очекуваат во деновите од викендот, ви препорачуваме да бидете внимателни и да не тргнувате на пад доколку тоа е неопходно, особено на планинските превои. Во понеделник поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот