X
 29.02.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во првата недела од месец март?



Во Македонија во понеделник ќе биде умерено облачно време со услови за повремени сончеви периоди и ветровито. Во попладневните часови продор на влажна воздушна маса од запад која ќе донесе врнежи од дожд, кои во вечерните часови ќе се прошират и во останатите предели од Македонија, освен во југоисточните и источните врнежи каде врнежите од дожд се очекуваат после полноќ. Ќе дува засилен југоисточен и јужен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 3 односно до 12 степени, а максималните дневни до 8 односно до 17 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно и ветровито. Во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна до 14 степени.

Во Македонија во вторник во утринските часови во источните и југоисточните предели се очекуваат врнежи од дожд кои претпладне ќе престанат. Во текот на денот умерено облачно време со сончеви периоди и температури од 11 до 19 степени. Во среда умерено облачно со сончеви периоди и пад на утринските и дневните температури. Утринските од 0 до 7 степени, а максималните дневни од 8 до 16 степени. Во четврток и петок нов бран на врнежи и температури од 9 до 17 степени во четврток, односно од 8 до 15 во петок.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот