X
 17.01.2016 Технологија

Рекламата со која Microsoft го објави првиот Windows 1.0

Пред 30 години, Microsoft започна да го пишува новото поглавје во светот на компјутерите со својата прва верзија на Windows.

 

микросфот


На 20 ноември 1985 година, беше лансиран Windows 1.0 како наследник на MS-DOS. Овој нов оперативен систем ги постави темелите на голем број карактеристики на Windows како што се скрол-табовите, икончињата, дијалозите, опаѓачкото мени и апликациите како MS paint и Notepad.

Но, како Microsoft го рекламираше својот нов производ?

Во нивното соопштение за мединумите, тие се пофалија со новите функции:

„Windows им овозможува на корисниците да интегрираат задачи кои тие ги извршуваат во нивниот компјутер, преку обезбедување на можноста да работат со неколку програми истовремено и лесно да се префрлаат од една во друга, без да мора да исклучат и рестартираат индивидуални апликации“.

Стив Балмер бил задолжен за продажбата на оперативниот систем, користејќи го неговиот вообичаен претеран ентузијастичен начин на раскажување приказни во една реклама. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија