X
 31.01.2016 Образование

Што би сакал Бил Гејтс да знае секој професор?

Во својата последна објава на својот видео-блог „Gates notes“, милијардерот Бил Гејтс зборува за моментот кога го гледал предавањето на познатиот физичар и професор Ричард Фајнман во филмската колекција од локалниот универзитет.


Фајнман никогаш не му предавал на Гејтс, еден од основачите на компјутерскиот гигант „Microsoft“. Меѓутоа, Гејтс му се восхитува на стилот на предавање на Фајнман, кој е познат по своите професорски вештини. Гејтс додава дека низ својот живот имал прилика да наиде на професори кои имале квалитети како Фајнман - луѓе чија енергија и љубов кон работата се чувствува при влезот во предавалната.

Во пресрет на 50-годишнината од Нобеловата награда на Фајнман, Гејтс одлучил да ги сподели квалитетите на овој професор за да ги инспирира учителите да работат подобро.

Возбуденост за материјалот

Гејтс вели дека многу му се допаѓа изразот на лицето на Фајнман додека објаснува теми за кои предава. Фајнман зрачи со љубов кон знаењето, поради што и студентите стануваат возбудени за знаењето.

„Во таа смисла, Фајнман има многу сличности со многу неверојатни професори со кои сум се сретнал на факултетите во делови од земјата“, вели Гејтс.


Тешкиот материјал станува лесен

Физиката, предметот кој го предавал Фајнман, може да биде комплицирана и апстрактна, но Гејтс смета дека професорите можат да им ги приближат на учениците дури и најтешките предмети. Фајнман еднаш имал серија предавања во училиштата наменети за луѓето кои не биле специјалисти за физика.

„Она што е помалку мистериозно за повеќето тој го објаснувал користејќи едноставен концепт. Тој дури и не кажал дека зборува за огнот сè до самиот крај, поради што имате чувство дека сè сфаќате заедно со него“, вели Гејтс.


Вклучување на студентите

Како и сите големи професори, Фајнман ги вклучувал своите студенти во предавањата и физиката ја правел забавна.

„Фајнман ја правел науката фасцинантна. Тој нè потсетува колку таа е забавна и дека секој може да ја сфати.“


Повеќе интереси

Фајнман не бил само добар професор и признаен научник, туку имал и карактер. Тој знаел многу за различни дисциплини, од преведување мајански хиреоглифи до свирење музички инструменти.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование