X
 23.02.2016 Култура

"Дамла" - тродневен настан органзиран од студентите

„Дамла“ е тродневен настан органзиран од студентите од Факултетот за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Факултетот за музичка уметност и Архитектонскиот факултет. Настанот е симболично одбележување на една година помината од крајот на Автономната Зона, а со тоа и почетокот на соработката помеѓу студентите.



„Дамла“  ќе се  одржи од 25 до 27 февруари во просториите на Факултетот за Драмски уметности. Истиот ќе биде проследен со богата културно образовна програма чиа цел е да се покаже од колкава важност е соработката помеѓу студентите и колку е високо нивото на култура и уметност која што можат да ја подарат самите тие. На отворањето, односно на 25 февруари ќе бидат прикажани фотографии и видеа направени за време на Атвономната Зона, а покрај тоа и отворање на изложба на студентите од четврта година при ФЛУ. Потоа следи ипитот по Театарска режија III семестар „Модерна македонска драма“ . Крајот на денот ќе се обележи со концерт на „Chalgia Sound System”. Во петок на 26 февруари ќе ја проследиме дискусија за авторски договори со студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ како и  предавање на проф. д-р. Небојша Вилиќ на тема „Остатоците на еден Град“. Потоа следи изложба на студентите од Архитектонскиот факултет кои ќе ги претстават макетите и плакатите од проектите кои ги изработуваат. По изложбата следи хуманитарен концерт на студентите од вокално инструменталниот смер и смерот за популарни жанрови од ФМУ.

По богатата културна програма, ќе се развеселиме со  ДиЏеј сет на неколку професори од факултетите со тема „Професорите пуштаат музика“. Како за добро утро, во сабота на 27 февруари ќе се одржи работилницата „Будно тело – буден актер“ на Симона Спировска. Работилницата е наменета за актери, но и за сите оние кои што сакаат да се расонат и фино да го започнат денот во кој следат предавањето на вон. проф. Дарија Андоновска на тебе „Семантиката при употрева на визуелни и аудитивни бои и форми во филм“ , проекција на филмови од студентите при ФДУ и Како Класа 13 во 2015 ја одигра „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел, односно испитот по актерска игра IV семестар. Затворањето на настанот ќе се одбележи со забава  на ФДУ. Целиот настан е организиран од собраните донации од изминатите две недели од Академската сцена на ФДУ. Во текот на овие три дена ќе бидат поставени кутии за донации кои ќе бидат наменети за овозможување на понатамошна соработка помеѓу студентите и реализација на повеќе настани од овој карактер. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура