X
 16.03.2016 Живот

Каде купува облека еден од најбогатите луѓе во светот?

bogat

Ингвар Кампард, сопственикот на компанијата ИКЕА, на една шведска телевизија изјави дека неговата облека на купува од пазар.

Основачот и сопственик на компанијата ИКЕА, Ингвар Кампард изјави дека тоа го прави за да заштеди пари. Овој човек, кој тежи неколку милијарди долари, вели дека целата облека од неговиот гаредроб ја купува токму на такви места.

„Мислам дека немам нешто што не е купено од пазар. Тоа значи дека за другите сакам да бидам добар пример“, вели Компард, додавајќи дека во Шведска, соседството во кое тој пораснал е доста штедливо по природа.

Компарт веќе е познат по тоа што на работа оди со автобус, а на авионските летови лета со економска класа.

Овој 90 годишен милијардер е четврт на листата на најбогати луѓе во светот според магазинот „Forbes“, а неговот богатство се проценува дека е над 65.6 милијарди долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот