X
 02.04.2016 Култура

Што се случило со третиот основач на Apple?

Првата соработка била направена пред 40 години. Точно пред 40 години, на 1 април во 1976 година, тројца мажи потпишале договор кој ќе стане дел од историјата.


Во договорот, Стивен Вознијак, Стивен Џобс и Роналд Вејн, жители на Санта Клара во Калифорнија, се согласиле на заедничко основање компанија која ќе биде специфично организирана за производство и маркетинг на компјутерски уреди, делови и поврзани материјали. Компанијата била наречена „Apple“.

На 12 април била направена измена. Роналд Вејн се откажал од своите обврски и одговорности и им ја препуштил компанијата на Џобс и Вознијак. За возврат, тој добил 800 долари, иако подоцна добил уште 1.500 долари од компанијата.

Вејн, како што подоцна објаснува во својот мемоар „Adventures of an Apple founder“, првпат се вклучил во работата со двајцата други основачи кога Џобс побарал совет од него за „филозофските разлики“ меѓу него и Вознијак.


Во 2010, тој изјавил за „Mercury news“ дека си заминал од компанијата делумно поради страв дека неговите помлади колеги не можат да успеат во бизнисот и дека тој би можел да биде единствениот чии средства би биле одземени од кредиторите.

- Си заминав бидејќи не чувствував дека новата компанија ќе биде работна околина која ја гледав за себе, особено за остатокот од моите денови. Верував дека ќе биде успешна, но не знаев кога, што би требало да жртвувам за да стигнам таму и колку долго ќе чекам за тој успех... - изјавил тој.

Конечно, тој изјавил дека не би се откажал доколку знаел дека за само 4 години компанијата ќе направи милионери од 300 луѓе.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура