X
 13.04.2016 Технологија

Колкави се шансите дека вашата работа ќе биде заменета со робот до 2020?

Напредокот во развојот на роботиката и компјутерите кој го забележуваме во последниве години посочува на тоа дека роботите наскоро би можеле да станат доволно „паметни“ за извршување на многу работи.


Роботите веќе сега заземаат место во многу фабрики, а напредокот на технологијата може да направи дури стотици видови работа да бидат преземени од „вештачката интелигенција“.

Најзагрозени се работните места на кои се повторуваат рутински задачи. Тоа се:

1. Градежен работник
2. Месар
3. Чувар
4. Испорачател
5. Чистач
6. Фабрички работник
7. Даночен администратор
8. Чистач на улици

Од друга страна, засега не се загрозени професиите во кои се бара креативност, како уметници, фотографи, писатели, композитори, актери итн.

Луѓето нема да мора да работат тешки физички работи

Иако роботизацијата би можела да го потресе пазарот на труд, експертите сметаат дека ваквиот тренд долгорочно ќе има позитивно влијание бидејќи луѓето ќе се ослободат од тешките физички работи, додека донесувањето одлуки и понатаму ќе биде задача на луѓето.

Според порано објавени процени од Светскиот економски форум за 15 водечки земји од светот, роботизацијата и воведувањето вештачка интелигенција која би ја заменила човечката работна сила би можела да предизвика губење од над 5 милиони работни места во следните5 години.

2 милиони работни места ќе бидат отворени, дека 7,1 милиони работни места ќе бидат заменети со технолошки решенија или ќе станат непотребни.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија