X
 20.04.2016 Технологија

Колку навистина трае еден производ на Apple?

Во рамки на кампања за собирање донации „Apps for Earth“, компанијата „Apple“ објави листа на често поставувани прашања поврзани со околината на официјалната интернет-страница.


Меѓу другото, во овие прашања, како што пренесува „Гардијан“, компанијата дава информации за животниот век на своите електронски производи за првпат досега.

Одговарајќи на прашање за траењето на производите, тие пишуваат: „Животниот век на нашите производи, кој се пресметува од точката на прва употреба, е проценет на четири години за уреди кои работат на OS Xи tvOS, и три години за уреди кои работат на iOS и watchOS.“

Со други зборови, компјутерите на компанијата траат просечно четири години, а телефоните и таблетите околу три години од купувањето во продавница.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија