X
 10.05.2016 Култура

Кои се најценетите личности на планетава?

Рускиот претседател Владимир Путин го зазеде шестото место на листата на мажи на кои светот им се восхитува најмногу, веднаш зад Бил Гејтс, Барак Обама, Си Џинпин, Џеки Чен и Стивен Хокинг.


Владимир Путин на листата на онлајн-компанијата „YouGov“ стигна до шестото место на најценети мажи во светот. Изминатата година, тој се наоѓаше на 11-то место на истата листа.

Првото место го зазеде основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, зад кого следува претседателот на САД, Барак Обама. Потоа на листата следува кинескиот лидер Си Џинпин, како и актерот Џеки Чен. По него следува најпознатиот физичар во светот, Стивен Хокинг.


Што се однесува до најценетите жени на листата, првото место го зазема актерката Анџелина Џоли, зад која следат кралицата Елизабета Втора и Хилари Клинтон.

На листите на најценети мажи и жени, соодветно се најдоа и Марк Закерберг, Далај Лама, Опра Винфри, Мишел Обама, Селин Дион, Малала Јузафсаи и Ангела Меркел.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура