X
 11.05.2016 Образование

Најдобрите универзитети за 2016-та година... Што се случува со европските универзитети?

Европските универзитети како да „заспале“, но затоа оние од азискиот континент напредуваат со неверојатна брзина.

 

2


На овогодинешната листа на 100 најпрестижни универзитети во светот, направена од „Times Higher Education“, се наоѓаат 18 претставници од азискиот континент, за разлика од досегашните 10. Најуспешниот универзитет, Универзитетот во Токио, се наоѓа на 12-то место додека кинескиот Универзитет Цингу и Универзитетот во Пекинг се поместија за 8 места, односно 12 места и сега се наоѓаат на 18-то и 21-то место.

Јужна Кореја и Хонг Конг исто така се најдоа на листата: Националниот Универзитет во Сеул и Универзитетот во Хонг Конг заедно се наоѓаат на 45-то место што е значаен скок во споредба со минатата година кога беа на 51-то и 60-то место.

За споредба, неколку европски универзитети ја изгубија својата позиција. Велика Британија и понатаму останува втората најзастапена земја на листата со своите 10 факултети иако два британски универзитети (Универзитетот во Бристол и Дурам) паднаа од топ 100. 7 од преостанатите 10 паднаа на пониско место.

6 германски претставници и 4 холандски исто така паднаа пониско, додека Данска и Финска повеќе немаат институции меѓу првите 100 иако минатата година имаа по еден универзитет на оваа листа. Европските универзитети добија исти или повеќе поени од минатата година, меѓутоа не напредуваат брзо како азиските универзитети.

 

2


Пол Блекмор, професор на Институтот за јавна администрација во Лондон како дел од Кралскиот колеџ вели дека подобрите резултати на Азија се комбинација од „неприкосновен раст на системот на високо образование како и се` поголемо признавање на овие факултети меѓу експертите кои ги оценуваат институциите“.

„Премногу долго имаме англо-саксонски поглед на високото образование, а тоа не е одржливо на долг рок“, додава тој.

Џошуа Мок Ка-Хо од Линган Универзитетот во Хонг Конг вели дека овие резултати се одраз на се` посилните инвестиции во високообразовните институции како и фокусирањето на институциите во финансирањето на потенцијалните статии во меѓународните списанија.

Листата на најпрестижни факултети се формира според анкетата која „Times Higher Education“ ја спроведува помеѓу 10.000 научници ширум светот. Секој научник мора да наброи 15 универзитети кои според нив се најдобри во истражување но и во наставата, со тоа што гласовите за истражувањето носат двојно повеќе поени од оние за наставата.

Во продолжение се најпрестижните универзитети за 2016 година.

1. Харвард, Кембриџ, Америка
2. Институтот за технологија во Масачусетс, Кембриџ, Америка
3. Стенфорд, Стенфорд, Америка
4. Универзитетот Кембриџ, Кембриџ, Велика Британија
5. Универзитетот Оксфорд, Оксфорд, Велика Британија
6. Универзитетот Калифорнија Беркли, Беркли, Америка
7. Универзитетот Принстон, Принстон, Америка
8. Јеил, Њу Хејвн, Америка
9. Универзитетот Колумбија, Њујорк, Америка
10. Технолошкиот калифорниски институт, Пасадена, Америка

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование