X
 10.06.2016 Култура

Летен саем на книгата во "Антолог" и многу дела со намалени цени

 
Саемот ќе почне денеска и ќе трае цело лето. Книгоиздателството најавува попусти од десет до 70 отсто на повеќе од сто нивни изданија.

- На летен попуст ќе биде и книгата на летото „Трач“ од бестселер-авторката на „Њујорк тајмс“, Елин Хилдербранд, која ќе се продава по специјална намалена цена од 350 денари „Спакувај го твојот број и уживај во патувањето“ е мотото на Летниот саем ка книгата што го организира скопската издавачка кѕќа „Антолог“. Саемот ќе почне денеска и ќе трае цело лето. Книгоиздателството најавува попусти од десет до 70 отсто на повеќе од сто нивни изданија.

- На летен попуст ќе биде и книгата на летото „Трач“ од бестселер-авторката на „Њујорк тајмс“, Елин Хилдербранд, која ќе се продава по специјална намалена цена од 350 денари. Покрај големите попусти, годинава подготвивме и неколку пакети книги за на плажа со различна големина т.е. број на книги и различен стил за да овозможиме поголем избор за сите вкусови и можности. За секој летен пакет книги подаруваме и една убава торба за на плажа. И годинава во рамките на Летниот саем ќе организираме гостувања на автори и многу други изненадувања за нашите драги читатели - велат од „Антолог“.

Пакети, мали, средни, големи и екстра големи

Љубителите на убавата литература може да спакуваат во куферите некој од следните пакети. Пакетот „С“ ги содржи книгите „Трач“ од Елин Хилдербранд, „Николски“ од Никола Дикнер и „Сеќавање на љубовта“ од Амината Форна по намалена цена од 1.100 на 700 денари. Во пакетот „М“ се вклучени книгите „Трач“, „Петте годишни времиња на љубовта“ од Жоао Алмино, „Лебедот“ од Гудбергур Бренсон и „Песните на кои не ме научи мајка ми“ од Селчук Алтун. Тие се намалени од 1.050 на 800 денари. Големиот пакет „Л“ ги содржи книгите „Трач“, „Макунаима“ од Марио де Андраде, „Елиза на единаесет години“ од Дојна Рушти и „Како да заборавиш жена“ од Дан Лунгу, а може да се набава по намалена цена од 1.150 на 900 денари.

Тука е и пакетот „ХЛ“ за вистинските вљубеници во книгата. Во него се вклучени „Трач“, „Од устата на китот“ од Сјон, „Челик“ од Силвија Авалоне и „Растењето на Лулу“ од Алмудена Грандес, со намалување од 1.250 на 1.000 денари.

Попусти цело лето

Од „Антолог“ велат дека секој купувач на кој било од летните пакети ќе добие подарок – торба за на плажа. Летните саемски попусти ќе важат во текот на целото лето, а може да се купат во Книжевниот центар „Антолог“ и на нивниот штандот во „Сити мол“ кој ќе биде отворен од 15 до 21 јуни, како и онлајн на „Купи книга“.

Книгоиздателство „Антолог“ е основано во 1999 година, од страна на македонскиот писател Александар Кујунџиски.

- Овој датум истовремено е формален почеток на една дамнешна бизнис-идеја, но и продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција. Се до 1903 година, во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, чии филигрански ракоделија денес се втопени во морето на креативниот гениј на македонскиот народ. Хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од меморијата и оставината на Кујунџиски. Но, Зборот е оној што отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност - велат од „Антолог“.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура