X
 14.06.2016 Образование

Распишан нов конкурс за запишување на студенти на Воената академија

armija

 

Распишан новиот конкурс за запишување на студенти/питомци за потебите на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија, од страна на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, Скопје како и за студенти за насоката кризен менаџмент, заштита и спасување на прв циклус на студии за студиската 2016/2017 година.


Се повикуваат сите заинтересирани кандидати кои сакаат да студираат на Воената академија, а ги исполнуваат условите кои се бараат во конкурсот, да ги поднесат своите пријави.

Од академијата известуваат дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани резултати и квалитети на пријавените кандидати.

Роковите за пријавување на документите во првиот уписен рок се: 27, 28 и 29 јуни 2016 година, а кандидатите можат да се пријават од 08.30 до 16.30 часот на Воената академија. Документите од државната матура и свидетелствата можат дополнително да се достават до крајот на јули оваа година.

За подетални информации посетете ја страната на Министерството за одбрана, или страната на Воената академија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование