X
 22.08.2016 Технологија

NewMan`s Got Talent - Почеток на твојата успешна приказна



NewMan’s Got Talent- Почеток на твојата успешна приказна
Стипендии од најдобрите компании за најдобрите млади таленти 

“New Man’s Got Talent” е креиран да ги поврзе успешните компании со талентирани студенти кои имаат можност да станат нивни потенцијални вработени. Овој проект се реализира во Македонија како резултат на искуството и успешната соработка на акцелераторот со компаниите кои што во континуитет вложуваат во своите кадри и ги насочуваат во својата струка. 

Њу Менс Академијата, која овозможува специјализација во вкупно 9 програми, е насочена кон решавање на два клучни проблеми, за студентите и приватниот сектор, според потребите на пазарот на трудот и тоа:
- неможноста на младите талентирани луѓе да добијат реално и практично искуство, за потоа да најдат работа според нивните знаења и способности;
- потешкотиите на компаниите при процесот да се најде вистинскиот вработен и да се биде задоволен со соработката на долг рок.

Со тестирањето за програмите на Њу Менс Академијата кандидатите добиваат можност да ги презентираат нивните знаења и вештини пред претставници од компании и да освојат стипендија за нивна специјализација со можност за понатамошно вработување. Тестирањата ќе се одржат во Скопје, Тетово, Охрид, Битола и Прилеп од 25-ти до 27-ми Август 2016 година, а академиите кои што ќе бидат активни оваа година се следните:
- Front-end development
- Back-end development
- Mobile applications development
- Computer networks and cybersecurity
- Graphic design and brand identity
- 3D modelling and animations
- Visual effects and postproduction
- Corporate innovations and entrepreneurship
- Digital marketing and sales

Во текот на претходните три студиски години, студентите на Њу Менс Академијата постигнаа одлични резултати со 87% реализирани пракси и 72% реализирани вработувања, од вкупно 210 студенти запишани во периодот од 2014 до 2016 година.

"Знаев дека сакам да се занимавам со анимација во животот, но не очекував да се случи толку брзо."- Ивона Ѓоргиоска, студент на Академијата за 3Д моделирање и визуелни ефекти, која по завршувањето на обуката се вработи во македонската компанија FX3X.

"Впечаток ми остави чувството за припадност кон една заедница кое го дава Њу Менс, што мислам дека е доста важно за луѓе кои треба да работат и учат заедно, и воедно сметам дека не се создава лесно." - Василика Калајџиска, студент на Академијата за маркетинг, комуникации и адвертајзинг и надворешен соработник во Povio Labs.

Програмата е креирана во соработка со SAP University Alliances и универзитетите Stanford и Singularity од Калифорнија, САД според конкретни работни профили, со ментори со практично искуство од индустријата од Македонија и странство, а вклучува работа на реални проекти поддржани од соработниците на акцелераторот.



Ги покануваме сите кои се заинтересирани за Њу Менс Академијата да дојдат на тестирање и да ја искористат можноста да бидат дел од оваа програма која нуди одлични бенефиции за сите амбициозни млади таленти кои сакаат да инвестираат во своето образование, да соработуваат со успешни компании и да го работат тоа што го сакаат.

Пријавете се на ОВОЈ ЛИНК до 24 Август 2016
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија