X
 31.08.2016 Живот

Чадиковски нов главен уредник на 24 вести: Телевизијата ќе го задржи актуелниот формат, да биде коректор на општествените и политички девијации

Младен Чадиковски е новиот Главен и одговорен уредник на телевизијата 24 Вести, објави вчера ексклузивно Маргетинг 365. Информацијата ни ја потврди Чадиковски, кој  ни изјави дека пред себе има многу одговорна задача.

 

- Велат, „прво скокни, па речи оп“. Така да во овој момент не би откривале премногу детали во однос на идните планови. Но, 24 Вести е добра телевизија, и затоа одговорноста за раководење со телевизијата е голема. Очекувањата на публиката се уште поголеми. Секако дека ќе се обидеме да одговориме на предизвикот, а тоа е да направиме значајни подобрувања и од програмски и содржински аспект, а се разбира и од визуелен аспект. Од аспект на уредувачката политика 24 Вести ќе го задржи актуелниот формат, да биде коректор на општествените и политички девијации и да одолее на политичките и бизнис притисоци од секаков аспект. Се надеваме дека 24 Вести ќе заземе место на медиумскиот пазар како телевизија која ќе постави највисоки стандарди во телевизиското информирање во земјава. За тоа е потребно и многу работа и време, а тимот во телевизијата и досега покажуваше силна кредибилност и мислам дека со заеднички напори на сите во телевизијата ќе ја оствариме таа цел - вели Чадиковски.

Тој на оваа позиција доаѓа од директорското место во неделникот Фокус, а долги години беше Главен и одговорен уредник во најгледаната приватна телевизија А1.

- Морам да признаам дека Фокус и работата со луѓето во Фокус за мене е извонредно искуство, годините поминати тука ќе бидат значаен поттик за понатаму. Иако си заминувам од Фокус, се разбира дека не се разделуваме, тоа е традиционален и квалитетен медиум со уникатно место на медиумскиот пазар - вели Чадиковски.
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот