X
 31.08.2016 Култура

Краткометражниот "Роденден" премиерно на филмски фестивал во Будимпешта


 
„Роденден“ е филм за група тинејџери кои на бизарен начин го прославуваат полнолетството на нивниот другар, нудејќи му предлог кој нема да може да го одбие

Краткометражниот филм „Роденден“, последно дело на режисерката Косара Митиќ денеска ќе има интернационална премиера Интернационалниот филмски фестивал за краток филм кој се одржува во Будимпешта, Унгарија. Фестивалот почнува денеска, а ќе трае до недела. „Роденден“ е официјална конкуренција на 12. издание на фестивалот.

- Една од главните цели на унгарскиот фестивалот е да го развијат, презентираат и промовираат културниот идентитет на Источноевропскиот аудио- визуелен сектор, овозможувајќи му да претстави повеќе експерти на пазарот - велат од продукцијата „Сектор филм Скопје“.



Веднаш по интернационалната премиера, ќе следува и македонската премира во рамките на претстојниот 37. Интернационален фестивал на филмската камера “Браќа Манаки” во Битола, во програмата насловена „Мак поинт“.

„Роденден“ е филм за група тинејџери кои на бизарен начин го прославуваат полнолетството на нивниот другар, нудејќи му предлог кој нема да може да го одбие. Актерската екипа ја сочинуваат Никола Колев, Дениз Абдула, Александар Михајловски, Силвија Стојановска, Милица Стојанова, Ана Костовска, Сара Климовска и Емил Костовски.

Покрај режијата на филмот, Косара Митиќ се потпишува и како сценаристка. Директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер е Владимир Павловски, дизајнот на звук е дело на Игор Поповски, композитор е Игор Василев-Новоградска, сценограф е Кирил Спасески, костимограф е Емилија И. Атанасовска, шминкер е Симона Ристевска. Продукцијата на филмот е на Сектор Филм. Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура