X
 02.09.2016 Живот

5 интересни психолошки факти за луѓето

Проучувањето на мозокот е една од најкомплексните области на истражување. Бенефитот од технологијата е бесконечниот број на достапни информации од истражувања, преку кои може да учиме за психолошките аспекти на човековото постоење, иако тоа е само мал дел од она што може да се истражи.

мозок


Прочитајте ги следните 5 психолошки факти што се поддржани со научни истражувања:

1. Ако ги кажете своите цели на другите, помала е веројатноста дека ќе ги остварите затоа што губите мотивација. Во 1933 било направено истражување за оваа тема и се докажало дека најавувањето на целите го задоволува идентитетот на личноста доволно за таа да не стреми понатаму да делува со напорна работа за да ги постигне.

2. Омилената песна на повеќето луѓе се поврзува со емотивен настан од нивниот живот. Музиката има директен ефект на емоциите и мозокот. Неодамнешно истражување покажало дека освен музиката, мирисот и други сетилни дразби можат да не потсетат со емотивни настани во минатото.

3. Посреќни сме кога трошиме пари на искуства отколку на материјални нешта.
Среќата станува важен предмет на истражување во психологијата. Неодамна се докажало дека патувањата, годишните одмори или присуството на настани ги прави луѓето посреќни од купување материјални добра.

4. Децата се пораздразливи и нервозни во денешно време.
Средношколците покажуваат исто ниво на анксиозност како и пациент на психијатриска клиника во 1950тите. Околку 49% од популацијата пати од анксиозност, депресија или зависност од супстанци во текот на животот. Се смета дека целата популација е сé посклона на овие состојби, исто така дека помалку се вклучени во заедницата, менуваат работни места и е помалку веројатно да создадат семејство.

5. Кога се опкружуваме со среќни луѓе стануваме и самите посреќни.
Едно ново истражување покажало дека стресот и среќата се заразни. Последователно, зависно дали околу нас има анксиозни или среќни луѓе и ние ќе почувствуваме стрес или среќа.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот