X
 06.09.2016 Живот

Дали знаете колку долари Селена Гомез заработува за еден пост?

Познатите личности доминираат на социјалните медиуми со голем број на фанови и следбеници. Се чини дека женските припаднички се еден чекор понапред од своите машки колеги, во собирање на фанови на социјалните медиуми. Дали е тоа “Facebook“, “Twitter“ или “Instagram“ никој не може да ги победи жените во масовниот број на фанови.


Селена Гомез е апсолутен фаворит и кралица на социјалните мрежи, но она што ќе ве изненади е колку Селена Гомез наплатува за еден пост на социјалните медиуми. 

Неодамна аналитичката компанија “D’Marie Analytics“ ги откри топ 6-те највлијателни жени на социјалните медиуми, а тие се: Селена Гомез, Кендал Џенер, Кајли Џенер, Ријана, Бијонсе Ноулс и Тејлор Свифт. Може ли да погодувате колку многу Селена Гомез наплатува за своите постови?



колку долари заработува Селена од еден пост

Сите од оваа листа на познати жени, наплатуваат помеѓу 125.000- 300.000 долари за пост на социјалните медиуми на платформите Facebook“, “Twitter“ и “Instagram“. Селена Гомез се издвојува со најмасивен број на следбеници, со над 200 милиони на сите три платформи.


„Нејзината цена по пост е еквивалентна на вредноста на рекламата по пост на Фејсбук“, вели извршниот директор на „D'Marie Analytics“. 

Ова може да биде различно од тоа колку многу таа добива пари од учество на кампањите на социјалните медиуми. Тоа зависи од преговорите помеѓу нејзините агенти и брендовите. 

Оваа проценка се базира на алгоритамот на “D’Marie’s“, кој мери 56 индикатори вклучувајќи: следбеници, ангажираност, квалитетот на постот, и потенцијалот за правење продажба и конверзија од нејзината содржина на социјалните медиуми. 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот