X
 29.09.2016 Живот

Македонија фрла многу храна

Една четвртина од вкупното количество на храна од маркетите, рестораните, дистрибутерите и производителите завршува во ѓубре. Македонија е една од земјите која најмногу фрла храна, покажа истражувањето спроведено во рамки на проектот „Храната за гладните, а не на депонија“. Душко Христов од Банката за храна, деенска изјави дека најмногу храна фрлаат дистрибутивните ланци чии производи се со краток рок на траење, потоа рестораните и домаќинствата.



- Вкупно 99 отсто од анкетираните одговориле дека сакаат да ја донираат храната, а 45 отсто од отпадот од домаќинствата е органски - рече Христов.

Според бројот на жители, Македонија на листата од еден до десет во светски рамки, засега се наоѓа меѓу седмото и осмото место по фрлање храна.

- Илјадници тони храна која е добра за јадење, секоја година завршува на депонија. Овошје и зеленчук што стоеле неколку денови, но не се расипани, млеко и месо со нивните преработки кои се пред истекот на рокот, леб, печива, слатки и друга пакувана храна секојдневно се фрлаат од македонските маркети и ресторани -изјави Христов.

Истражувањето за фрлањето храна се спровело во Тетово, Скопје, Битола и Струмица, а денеска се презентираале резултатите само од Скопје и Тетово. Во светски рамки САД е земјата што најмногу фрла храна. „Храна за сите - Банка за храна Македонија“ работи на создавање систем кој континуирано, 365 дена во годината ќе обезбедува барем малку храна за сите на кои им е најпотребна, гладните и сиромашни луѓе. 
Подготвил: М.Ф

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот