X
 04.10.2016 Наука

Рејкавик - геотермалниот град чија цел е да го неутрализира нивото на јаглерод

Рејкавик е град во Исланд познат по тоа што користи геотермална енергија, а сега се стреми да стане еден од првите градови со неутрализирано ниво на јаглерод.

град


Минатиот месец Исланд го ратификува Договорот за климатските промени од Париз набрзо по најавата од Рејкавик за јаглерод неутрален град до 2040 година. Целта е да се намалат емисиите на гасови од 2,8 тони по лице во 2013 на 0 најмногу со промена на формата на градот за да се промени урбаната распространетост, како и со мотивација на граѓаните помалку да користат автомобили, а повеќе велосипеди и јавен превоз. Емисиите на гасови се значително помали, на пример, за разлика од САД со 16,5 тони по лице. Градот има над 120 000 жители, а куќите имаат геотермално затоплување и 100% хидроенергија. Олов Орварсдотир, шеф на Одделот за планирање и животна средина изјавува:

„Многу сме среќни што имаме наша природна енергија, но треба да се заземе став и да се едуцираат луѓето што живеат овде.“

Подобар транспорт

Тој вели дека најголем предизвик е решението со транспортот. Заради тоа се инвестира во велосипедски патеки, места за полнење на електрични автомобили и со 6 други општини се работи на брз автобуски или лесен железнички систем. Во градот јавниот транспорт не е популарен и се користи од 4% од населението за што се прават напори да се промени драстично до 2030 година. Транспортот е виновен за 80% од емисиите на гасови и затоа најголем дел од фокусот е ставен на тој проблем.

Спречување на ширењето на урбанизацијата

За овој проблем се планира проект што ќе ги убеди граѓаните да живеат во градовите наместо во предградијата, а со тоа би се сменил начинот на кој тие се движат. Едно истражување покажало дека младите сакаат да живеат во градот. Надвор од Реикавик е најмногу урбанизирано: има стамбени блокови на автопати наместо инфраструктура за пешаци или патеки за јавен транспорт. Жителите што живеат овде немаат можност да пешачат ни до продавница.

Поддршка од компаниите
Минатата година исландскиот Центар за корпорадивна социјална одговорност, Феста, издејствувал 104 компании да потпишат заклетва за намалување и мерење на отпадот и емисиите, а генерално има и мотивираност и желба да се направат промени.

Еколошките признанија би го зголемиле и бројот на туристи. Со гезерите, големите базени, глечерите, вулканите постојано се менува релјефот со ерупции, земјотреси и климатски промени. Жителите на Исланд се можеби повеќе, но и оправдано загрижени за природата од другите народи поради нивната приврзаност со пејзажите и природните чуда.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука