X
 07.10.2016 Технологија

Како да го користите LinkedIn за дискретно да барате на нова работа?

Социјалната мрежа за кариера LinkedIn вовeдува нова опција за корисниците. Со “Open Candedates” ќе може лесно да сигнализирате дека сте отворени за нова работа и тоа дискретно, без да знае вашиот шеф.

кариера


Ако сте најавиле на профилот барате работа, информацијата се појавува во насловот на профилот и лесно може да се забележи. Со новите ажурирања, кога ќе се обележите како кандидат кој бара работа, ќе се појавите во пребарувањата на регрутерите дури и ако ништо друго од профилот не укажува на тоа.

Од менијата поставени хоризонтално изберете Jobs > Preferences и селектирајте ја опцијата "Let recruiters know you're open". Може да изберете и за какви можности сте достапни. Од копанијата велат дека за оваа промена биле инспирирани од серијата „Силиконска Долина“. Погледнете го видеото:





LinkedIn најавува и други новини меѓу кои и “Aplly Starters” која ќе служи за да го споделите профилот со регрутерите кога аплицирате за работа и “Career Pages” со која компаниите ќе може да ги нагласат можностите за напредување достапни за кандидатите, со што ќе ги охрабрат да аплицираат.

Неодамна беше најавено “LinkedIn Learning” онлајн едукативни програми дизајнирани за кандидатите шт бараат работа да останат конкурентни. Најавена и многу подобра верзија на социјалната мрежа, но за тоа веројатно корисниците ќе мора да почекаат повеќе.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија