X
 24.10.2016 Култура

Легално било наставникот да удри ученик - чудните закони во минатото

На илјадници геј мажи и бисексуалци во Англија и Велс им се понудени извинувања за впишаните прекршоци заради нивната сексуалната определба кои сега се укинати.



До 1967 година геј мажите во Англија и Велс биле казнувани, бидејќи хомосексуалноста била сметана за злодело. Во Шкотска овој закон бил изменет во 1980, а во Северна Ирска во 1982. Во Велика Британија хомосексуалците се уште се соочуваат со предрасуди и насилство, но се заштитени од законот. До 1965 година пак, во Велика Британија хомосексуалците биле и егзекутирани. Пример за тоа се Џејмс Прат и Џон Смит.

Голема е шансата постарите генерации да се соочувале со удари (физички) од страна на наставниците. Во Велика Британија на пример, до 1986 година, било легално наставник на удри ученик.До 1998 ова било легално во Англија и Велс, до 2000 во Шкотска и до 2003 во Северна Ирска.



Две години по почетокот на Првата светска војна, во Велика Британија се соочувале со недостаток на војници, па помеѓу 1916 и 1920, секој маж од 18 до 41 година, законски морал да служи во војска, иако имало исклучоци – на пример одбивале оние кои биле против војната.Ваквиот тренд опстојувал за време на двете светски војни, но правилото било укинато во 1957 година.

Добро позната информација е дека жените во минатото не смееле да гласаат. Но, тоа се променило во 1918 година, кога на жените над 30 години им било дозволено да гласаат. Рамноправно право на гласање добиле сите жени во 1928, кога сите полнолетни жени (21, во Велика Британија) добиле право на глас.



До 1988 година било дозволено и да се пуши во авини. САД е првата земја во светот која забранила пушење во авиони.



Малку вознемирувачки факт е дека до 1950 година, депресијата, па дури и сите други ментални нарушувања кај луѓето се третирале со лоботомија. Постапка кога лекарите ги отстрануваат конекциите во делот од мозокот кој ја контролира личноста и способноста за донесување одлуки. Обично се вбризгувал остар предмет во окото на пациентот се до мозокот. Португалскиот невролог Антонио Егас Мониз, кој ја смислил процедурата, добил Нобеловата награда за психолошка медицина во 1949 година, но имало реакции за повлекување на истата.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура