X
 28.10.2016 Наука

Колкаво е влијанието на потсвеста?

Најголемиот проблем е тоа што луѓето ги знаат своите свесни верувања и однесувања, но не и оние на потсвеста.

потсвест


Науката веќе ги има поткрепено со докази претпоставките дека мислите и верувањата на потсвеста се независни од свеста на човекот и дека свесно не може да се контролираат. Во неодамнешна студија објавена во магазинот Psycho¬neuro-endocrinology , истражувано е влијанието на потсвесните блокади на целокупниот живот.

Истражувачите што биле вклучени во неа потенцираат дека повеќето луѓе дури не признаваат дека нивната потсвест

игра огромна улога и покрај сознанијата дека потсвесниот ум е милиони пати помоќен од свесниот. Животот всушност, во основа е 95% до 99% под контрола на потсвесните програми. Потсвесните верувања, истражувачите велат, работат или за човекот или против него и тој дури не го контролира и својот живот затоа што потсвеста ја заменува свесната контрола. Значи, ако се обидувате да се лекувате на свесно ниво – со афирмации и позитивни мисли, можно е да постои невидлива потсвесна програма што Ве саботира.


Научниците сé уште не знаат како или кога несвесните мисли може да станат свесни или под кои околности луѓето може да отфрлат скриени пориви со сила на волјата; на пример, како пушачите се откажуваат од пушењето.

Сепак, свесниот ум е чувар на портите на потствеста. Тој има улога да одлучува какви мисли ќе стигнат таму. Мислите и верувањата што ќе влезат во потсвеста се манифестираат во животот и заради тоа треба да се вложува напор за следење и насочување само на вистинските.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука