X
 25.11.2016 Живот

Десетте најтешко достапни земји за посета

Патувањето по другите земјо во светот може да биде стресно, а до некои има потеѓок пристап.
Хенрик Јепесен, кој ја посетил секоја земја во светот, споделил листа на 10-те земји кои е најтешко да се посетат. Некои од нив можеби и ќе ве изненадат :


1. Сирија

Хенрик патувал во Сирија за време на граѓанската војна минатата година. Откако зборувал со дански новинар кој многу години известувал од земјата, успеал да стапи во контакт и со сирискиот амбасадор во Северна Кореја. „Да имате виза не е секогаш доволно за да влезете во одредена земја. Летав до Бејрут каде што мојот контакт ме однесе до границата. Имиграциониот полицаец не можеше да поверува дека сум бил во Сирија како турист, но потоа одлучи да го стави печатот“, рекол Хенрик.

2. Јемен

Иако Хенрик тврди дека Јемен е една од најдобрите земји во светот за патување, политичките немири му предизвикаа тешкотии во земјата. Ј апосетил во 2014-та година со помош на локална авио компанија и двајца тур-оператори пред да избие војната. Денеска е дури невозможно да се посети земјата.

3. Саудиска Арабија

Нема туристички визи за Саудиска Арабија, па освен ако не сте муслиман, мора да имате некоја бизнис цел. Хенрик бил спонзориран од „Radisson Blu“.

4. Либија

Хенрик вели дека Либија е меѓу првите на листата земји со најпријателски настроени луѓе. Иако ја контактирал Либанската амбасада за да му помогне во добивањето виза, никој од таму не можел да му помогне. Некако стапил во контакт со странските едиуми во Либија, кои му помогнале да добие виза и резервирале авио билет за него. Исто така го запознал и премиерот на Либија.

5. Екваторска Гвинеја

Хенрик ја нарекува „прекрасна земја“, но тешко достапна за Европјаните. Откако не успеал да земе виза во амбасадите, тој испечатил лист со негови лични информации и се упатил во Конзулатот во Лагос, Нигерија. Таму амбасадорот му помогнал да добие виза.

6. Ангола

Слично како и во Гвинеја, но Хенрик успеал да најде „дупка во законот“. 5-дневна транзитна виза – успеал да ја земе во нивната амбасада во Сао Томе со која можел да лета во Луанда, главниот град на Ангола и потоа на различна дестинација за 5 дена.

7. Туркменистан

Оваа централноазиска земја е неверојатно патувачко искуство. Можете да земете туристичка виза, 5-дневна транзитна виза, но тоа повлекува со себе и потреба од виза од земјата од која доаѓате и земјата во која одите. Хенрик соработувал со тур-оператор кој му дозволил да лета во и надвор од земјата со туристичка виза.

8. Еритреа

Во оваа земја има многу малку слобода на медиумите. И тука, се снашол со тур оператот кој напишал писмо за него со кое му било дозволено да добие виза по пристигнувањето.

9. Науру

Земјата со само неколку туристи, во која е тешко да се добие виза – мора да палицирате во една од 4-те дипломатски мисии : Бангкок, Бризбејн, Сува или Тајпеи. А и летовите се многу скапи.

10. Судан

Според Хенрик, визата во Судан е претешко да се добие. Откако истражувал на Интернет, дознал дека во Египет е многу полесно за да се добие виза. Потребни за тоа му биле два дена и помалку пари за да го стори тоа.
Ако се прашувате зошто на листата не е Северна Кореја, тоа е зошто е многу лесно да ја посетите земјата. Самоземете двојна кинеска виза и тур-операторот ќе се погрижи за останатото.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот