X
 09.12.2016 Живот

Најбараните зафати во пластичната хирургија

Без разлика кој е вашиот став за пластичната хирургија, факт е дека промената на физичкиот изглед се повеќе е барана. Неодамнешниот напредок на ова поле, ја прави пластичната хирургија помалку болна, побезбедна, па и подостапна, односно можат повеќемина да си ја дозволат.


Како што се развива технологијата, така се менуваат и стандардите за убавина и козметичките и хируршките трендови. Што најмногу сакаа жените во 2016 година?

1. Импланти во задникот

Најголема популарност овие импланти имаа во 2014 и 2015 година. Во последните две години побарувачката е зголемена за 36 проценти.

2. Лифтинг на задникот

Слично како и имплантите и овој дел од пластичната хирургија е во подем. Најчесто за вакво нешто се одлучуваат жените кои изгубиле многу килограми, а потребен им е лифтинг на кожата.

3. Интервенции на стомакот

Ова е еден од најпопуларните зафати во пластичната хирургија уште од 2000 година. Најчесто го одбираат жените по породување или по драстично губење на килограми.

4. Ботокс

Во 2016 година биле изведени 6,757,198 интервенции со вбризгување ботокс. Овие инекции се три пати повеќе популарни од било кои други третмани бидејќи се привремено решение. Жените мораат да се вратат за 2 до 4 инјекции годишно ако сакаат да го задржат позитивниот ефект.

5. Пополнување на меките ткива

Овој третман се користи за „пеглање“ на брчките, пополнување на образите, како и за третирање на местата со лузни. Сусптанците како колагенот кои се користат, се привремени и подоцна се апсорбираат во телото. Со овој третман исто така се покриваат и темните кругови под очите.

6. Лифтинг на градите

Постарите жени, жените кои родиле и кои изгубиле многу килограми најчесто го користат овој зафат. Речиси дуплиран е бројот на жени кои направиле лифтинг на градите од 2000 па до 2015 година, а и континуирано се зголемува.

7. Зголемување на градите

279,143 зафати биле реализирани во 2015 година. Иако е тоа голема бројка, сепак е за два проценти помала од онаа во 2014. Ова кажува дека заинтересираноста се намалува. Но, тоа не значи дека овој зафат не е популарен. Со оглед на напредокот во процедурата, многу е можно повторно да стане најпопуларен зафат во пластичната хирургија.

8. Корекција на очните капаци

Monolid“ е терминот кој се користи за овој зафат. Најмногу ги користат лицата со потомство до Источна Азија. Големите, убаво изразени очи се една од најчестите физички атрибути кои се фаворизираат, па многумина и затоа се одлучуваат на овој чекор. Во 2015 година извршени се 200 илјади вакви операции.

9. Ласерско отстранување на влакна

Жените трошат до 1400 часа во текот на животот за отстранување на несаканите влакна. Ласерката опција е атрактивна опција во однос на заштедувањето на време. Вообичаено е потребно 4 до 6 третмани за да се отстранат влакната. Во 2015 биле извршени 1,100,000 вакви интервенции.

10. Преобликување на носот

Ова е една од најчестите пластични операции.Во 2015 бројката на лица кај кои бил извршен зафатот изнесува 215 илјади и приближно толку во 2014. Бројките кажуваат дека заинтересираноста останува иста со текот на годините, но не е во пораст. Жените се решаваат за пластична хирургија за да ја зголемат самодовербата и да се чувствуваат подобро во своја кожа.

Пластичната хирургија е голема одлука за која треба внимателно да се размисли. Ако сте подготвени за нешто такво, изберете го докторот со кој се чувствувате најпријатно и   верувате дека ќе го постигне она што вие го посакувате.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот