X
 16.01.2024 Технологија

Претставено „глувче за уста“ кое овозможува полесна работа со телефон и лаптоп

Технологијата им овозможи на многумина што имаат ограничена подвижност или некоја форма на попреченост полесно да функционираат во современиот свет. Деновиве беше претставен технолошки додаток кој сигурно ќе го олесни користењето на уредите со екран на допир.

Станува збор за пионерска технологија развиена од компанијата „Огментал“. Таа им овозможува на корисниците да управуваат со паметни телефони или компјутери користејќи го сопствениот јазик. Корбин Халивил, софтверски инженер во компанијата, го опишува како „глувче за вашата уста“.

„Маутпед“ (MouthPad) е чип што се става во устата и на непцето и може да детектира движења на јазикот. Дизајниран првенствено како помошна алатка за луѓе кои не можат да ги користат рацете или се парализирани, чипот беспрекорно се поврзува со таблети, телефони или компјутери преку „Блутуд“.



Неговиот потенцијал оди подалеку и интерес покажуваат професионалци во области како механиката и хирургијата.

Дизајниран да ги минимизира пречките во говорот, чипот обезбедува ефективна комуникација за корисниците кои се потпираат на говорот за секојдневната интеракција. Исто така, се приспособува на поединци кои користат дополнителен софтвер за препознавање глас. Уредот нуди пет часа работа со едно полнење на батеријата и е компатибилен со различни оперативни системи.

Еден предизвик е да се постигне универзално вклопување за различни форми на уста. Компанијата моментално прави персонализирани калапи за клиентите што го користат прототипот. „Огментал“ планира официјално да го продава уредот на пазарот годинава.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Augmental
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија