X
 16.02.2023 Живот

Новинарите утре излегуваат на протестен марш - посебен сообраќаен режим во Скопје

Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги повикаа сите медиумски професионалци утре да излезат на протестен марш, на кој ќе го изразат, како што велат, незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат новинарите, лошата социо-економска состојба.

На маршот ќе бидат испратени пораки од претставници на ЗНМ и ССНМ, а ќе бидат доставени и следните барања до Владата и до Собранието.

 - Итно донесување на неопходните закони кои се важни за правата на новинарите и работата на медиумите и нивно доследно имплементирање;
 - Јавните функционери и политичарите да ги почитуваат новинарите и снимателите;
 - Крај на агресивниот државен пиар;
 - Поддршка за локалните новинари и медиуми;
 - Почитување на работничките права на новинарите и медиумските работници;
- Безбедни услови за работа на новинарите и медиумските работници.

Истовремено, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре, со почеток во 10:30 часот, поради најавениот марш, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

- Маршрутата на движење ќе биде од пред зградата на Владата во правец кон АД „Македонска пошта“ на бул. „ВМРО“, потоа по бул. „ВМРО“ во правец на ТЦ „Палома Бјанка“, лево во правец на бул. „11 Октомври“ кон зградата на Собранието - информираат од МВР.

Од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат новинарите.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот