Елегантни, млади и полетни, облечени во одело од најновата колекција на реномираниот моден бренд D's Damat, младите фудбалски репрезентативци на Македонија заминаа за Полска. На средба со нив г. Атила менаџер на D’s Damat за Македонија им посака многу успех, успешни подготовки следниве денови и секако добри резултати на радост на целата нација.
D's Damat е официјален моден партнер на Фудбалската Федерација на Македонија, моден бренд кој се грижи и за изгледот на А репрезентацијата.