X
 22.06.2017 Култура

Кавадаречкиот хумор се враќа со цел за зачувување на дијалектот

Кавадаречкиот хумор се враќа на голема врата преку реализирање на телевизиски проект посветен на оригиналниот кавадаречки хумор.

виц 1

"Лакардиите на Паја" е хумористична играна серија со која кавадарчани ќе работат на зачувување на својот дијалект, по легендарната „Династија на кавадаречки начин“ емитувана на Радио Кавадарци од 1985 година. Проектот е реализиран со целосно кавадаречка екипа, од актери, камерман, монтажер, уредници, продуцент, режија и, се разбира, оригиналните вицови на витезот Златко Вузевски – Паја, кои воедно се издадени во две книги, „Ѕидот на Паја“ и „Лакардиите на Паја“.

Идеата и целата замисла на проектот, која деновиве, по неколкумесечна макотрпна работа стана реалност, е на Љупче Сапунџиев. Реализацијата е направена на автентични локации во градот, а серијалот се снима на добро познатиот кавадаречки дијалект сѐ со цел зачувување на истиот како дел од богатството на македонскиот јазик. Порталот RTK.mk го реализира проектот со и намера да понуди автентичен хумор и смеа како дел од својата програма.

виц 3

Првите 50 вицови кои се прилагодени и снимени и се составен дел се од првиот серијал, ќе бидат достапни преку RTK.MK. Главниот и одговорен уредник на порталот, Марјан Димитров, вели дека со ликовите од серијалот кавадарчани често знаат да се идентификуваат и нивниот избор се должи на желбата на целата екипа да се прикаже поведрата страна на животот во македонското секојдневие.

„Време е за хумор-Лакардиите на Паја“ ги реализираат актерите: Милица Гочевска и Видан Станоев, како Мара и Блажо, режисерот и актер Диме Коцевски, камерманот и монтажер Тони Коцев и актерите аматери Елизабета Златева и Елизабета Галабова.

промоција

Проектот беше промовиран на манифестацијата „АлШар-2017“ во с. Мрежичко на 10 јуни годинава. Пред учесниците, на убедливо најмасовната рекреативно-спортска средба во општина Кавадарци, премиерно беа прикажани неколку  вицови кои беа топло примени од присутните што потоа се потврди и на социјалната мрежа Фејсбук.

Премиерата на нови филмувани вицови е  секој вторник и петок во 10  часот на  Фејсбук профилот на  РТК.MK   и на  интернет порталот  www.rtk.mk. Репризите се емитуваат  секој  вторник, петок и недела од 21 .30 часот.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура