X
 31.10.2019 Наука

Мажите се посмешни од жените, откриваат истражувачи

Истражувачите тврдат дека мажите имаат подобра смисла за хумор од жените.

Тие ги анализирале резултатите на 28 истражувања во кои од луѓето било побарано да го оценат хуморот на 5.000 мажи и жени, но без претходно да го знаат полот што го оценуваат.

Истражувачите откриле дека во просек, 63 отсто од мажите биле посмешни од жените.

Водачот на истражувањето, д-р Џил Грингрос, наведува дека сакале да проверат дали е вистина стереотипот дека мажите се посмешни од жените. Така, истражувачите утврдиле дека во просек мажите имаат поголема способност за хумор од жените.

- Да објаснам, целата приказна не е дека жените не се смешни. Очигледно постојат многу духовити стендап-комичарки и некои од нив ги познавам лично. На пример, Сара Паско е одлична комичарка и веројатно е подуховита од 99 отсто од сите мажи во светот. Работата е во тоа што утврдивме дека во просекот постои разлика - вели д-р Грингрос.

kevin
Фото: Getty Images


Според неговите наоди, се чини дека хуморот има голема улога во размножувањето. Тој вели дека жените бараат кај партнерот смисла за хумор бидејќи тој е во силна корелација со интелигенцијата. Мажите, пак, од друга страна, преферираат жени што се смеат на нивната смисла за хумор.

- Ова значи дека низ нашата еволутивна историја мажите веројатно требало да се натпреваруваат повеќе со другите мажи за да ги импресионираат жените со смислата за хумор - додава тој.

Меди Бај, која заедно со нејзината сестра се дел од дуото за комедија „Сиблингс“, смета дека истражувањето е фрустрирачко, но и смешно.

- Постојат голем број неверојатни комични шоуа и од мажите и од жените. Не знам зошто се обидуваат да го претворат во научен факт стереотипот дека жените не се смешни - вели Меди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука