X
 09.07.2017 Наука

Како една чудна кула од черепи го менува она што се знае за Астеците?

Неодамна во Мексико Сити е откопана кула со повеќе од 650 черепи, па ова археолошко откритие може целосно да го промени она што се знае за Астеците. Отворени се прашања за жртвување на луѓе затоа што најмногу черепи припаѓале на жени и деца.

черепи
Фото: Flickr/Gildardo Sánchez/CC BY 2.0

Тоа сознание ја оспорува конвенционалната идеја дека овие кули од черепи се направени од остатоци од воини, и тоа млади мажи.

„Очекувавме мажи, особено млади мажи, како што и обично се војниците. Кога станува збор за жените и децата, никогаш не би помислиле дека тие ќе учествуваат во војна“, вели Родриго Боланос, еден од археолозите од Националниот институт за антропологија и историја во Мексико.

„Се случувало нешто за кое немаме никаков запис, нешто што е ново и што првпат се случило во Хуеј Цомантли.

Хуеј Цомантли е името што им било дадено на черепите во записите оставени од шпанските освојувачи кога во 16 век го освоиле Тенохтитлан, главниот град на Астеците. Овој град подоцна станал Мексико Сити.

Практиката на поставување отсечени глави на врвот на полиците како знака за победа била честа појава кај мезоамериканските култури пред освојувањето на Шпанија, но археолозите не очекувале да најдат черепи од жени и деца.

Дали можеби наишле на остатоци од жртви? Се смета дека општеството редовно ги жртвувало заробените воини со цел да ги задоволи боговите, а во астечката верска литература можат да се најдат и нивните имиња. Сепак, жените и децата не биле меѓу нив.

Едно можно објаснување е дека тие биле робови, а не војници.

Копањето по Мексико Сити започнало пред 2 години и до денес се пронајдени 676 черепи, кои ќе бидат изложени пред јавноста пред да бидат сместени во храмот “Templo Mayor”. Кулата од черепи се смета дека е дел од параклисот на Хјутилопохтли, астечкиот бог на сонцето, војната и човечката жртва.

Археолозите сѐ уште работат за да стигнат до базата на кулата и веројатно ќе бидат откриени уште многу черепи, со што може да дојдат и до идеја за причината за нивното постоење.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука