X
 27.07.2017 Култура

Џејмс Франко и како филозофијата да допре до поширока публика

Како обичните луѓе може да се заинтересираат за филозофија? Ова воопшто не било тешко во античка Атина, но денес дефинитивно мора да се најде соодвете начин за да се привлече внимание.

филозофи
Фото: Screenshot/youtube

Пајтон Џон Клиз го направи неговото за да ја популаризира филозофската мисла. Како за некој кој се движел меѓу светот на академските институции и популарната култура, тој има и кредибилитет и на негова страна.

Овде може да се спомене уште еден актер, некој многу популарен кај помладата публика, Џејмс Франко, кој моментално е на докторски студии на Јеил, а претходно предавач и/или студент/дипломец на УКЛА, Колумбија, Универзитетот Њујорк, Бруклин Колеџот, Ворен Вилсон колеџот и Ајленд школата за дизајн.



Франко ја предлага идејата за „Филозофија на времето“, додека тој и неговиот поранешен предавач Елиот Мишелсон биле во Лос Анџелес. Идејата која постоела подолго време – целта да се заинтересира поширока публика за филозофија – конечно можела да се реализира. Во кратките епизоди овде може да ги видите двајцата во разговор со повеќе лишности на теми како убавината, абортусот, и имагинацијата и метафората.



Без разлика дали гледачите се восхитуваат на неговата личност, тие ќе откријат дека тој им дозволува на гостите да зборуваат повеќето време, и секој од нив прави филозофијата да биде фасцинантна и несомнено релевантна за нашите обични модерни животи.

Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура