X
 04.08.2017 Култура

Метеоролозите не кажуваат за ова: експеримент на + 37 степени


Термометар за кола

Она што метеоролозите никогаш нема да го кажат е податокот за температурите во вашите автомобили што се паркирани на сонце.

„Општо е познат фактот дека црната боја привлекува повеќе сончеви зраци од белата, но не и дека разликата во температурата измерена на хаубата на автомобили во црна и во бела боја е толкава што не можевме да поверуваме, сè додека ласерскиот мерач не го покажа резултатот“.

Па така, хаубата на автомобилот во бела боја, во 15 часот, на сончев паркинг покажа дека е речиси идентична како и надворешната температура во тој момент, околу 37 Целзиусови степени.

Но, хаубата на црниот автомобил кој бил паркиран на истото место покажала двојно повисок резултат: 72,6 Целзиусови степени! Затоа, доколку сè уште црната боја за автомобил ви е омилена, треба да знаете дека истата ја грее внатрешноста на автомобилот двојно повеќе отколку белата боја, како што покажал ласерскиот мерач.

„За малку на хаубата на црниот автомобил ќе можевме да испржиме јајце! Сега чекаме температурата да се искачи на 40 степени (под сенка) за да го пробаме и тоа“, пишува „Телеграф“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура