X
 10.09.2017 Технологија

Мапа од компјутерската наука: од Алан Тјуринг до „зголемената реалност“


mapa
Фото: Printscreen/Youtube


Доколку сте од постарата генерација, сигурно се сеќавате на светот пред „Мајкрософт“. Паметните телефони беа научна фантастика. За човек да направи нешто повеќе од играње игри, требаше да знае програмски јазик.

Овие антички денови се самите почетоци на програмирањето. Пред персоналниот компјутер, овие уреди беа големи колку белата техника, сокриени во воени бази, универзитети и лаборатории на НАСА.

Но сите знаеме дека програмирањето оди многу подалеку од раните 80-ти: назад во текот на Втората светска војна, а можеби и порано.

На краткото видео подолу физичарот, научен писател и едукатор Доминик Валиман го дефинира компјутерот според неговата основна бинарна функција и ја започнува историјата на компјутерската наука со трагичниот гениј Алан Тјуринг.

Најзначајниот придонес на Тјуринг за програмирањето се наоѓа во неговиот концепт од 1936 година наречен „Машината на Тјуринг“, теоретски механизам кој можел да симулира каков било компјутерски алгоритам, без оглед на тоа колку е комплициран. Според Валиман, ова е основата на компјутерската наука.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија