Музичарот Влатко Стефановски ќе ја доби наградата „11 Октомври“ за животно дело од областа на културата и уметноста, а историчарот Амет Шериф – за наука и образование, соопштија од Министерството за култура.
Фото: Томи Столчело
Оваа награда е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Р.Македонија. Претседател на одборот за доделување на наградата е академик Митко Маџунков.
Наградата ќе им биде врачена на 11 октомври, во Собранието на Република Македонија.