X
 04.12.2017 Живот

Алгоритам што ги „лови“ сериските убијци

„Се прашувам дали можеме да научиме компјутер да детектира сериски убијци преку податоци“, си помислил Томас Харгров додека ги разгледувал извештаите на ФБИ за извршени убиства. Пензионираниот новински репортер набрзо си одговорил на своето прашање. Создал алгоритам кој, според него, може да идентификува сериски убијци.

фото извор: CrimeFeed

Во новиот филм креиран од „Фри Тинк“ тој објаснува како реалниот свет следи едноставна математичка формула, а тоа се случува и со убиствата.

Според Харгров, од 1980 година наваму има барем 220.000 нерешени убиства во САД. Околу 2.000 се дела на сериски убијци. Неговиот проект е сега најобемната архива на убиства во Америка.

Неговиот алгоритам решава проблем кој е наречен „поврзувачко слепило“. Вели дека единствениот начин на кој убиството е поврзано со сторителот е ако двајцата истражувачи се состават и зборуваат за своите случаи и пронајдат сличности. Неговиот алгоритам може да идентификува групи на нерешени убиства кои се поврзани со метод, локација, време на убиството, како и полот на жртвата.

Неодамна софтверот на Харгров бил користен за да се алармира полицијата во Гери, Индијана, за 15 нерешени задавувања во регионот. Харгров вели дека тоа било едно од најфрустрирачките искуства во неговиот професионален живот.

Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот