X
 17.02.2023 Технологија

Вештачката интелигенција може да управува и со воени авиони

Истражувачката агенција на американското Министерство за одбрана, ДАРПА, објавила дека нејзините алгоритми со вештачка интелигенција сега може да контролираат воен авион „Ф-16“ во лет. Повеќенаменскиот ловец кој првпат бил претставен во 1978 година сега еволуира во автономен авион.

- На почетокот на декември 2022, програмерите на алгоритамот АЦЕ поставиле свој софтвер за вештачка интелигенција во специјално модифицираниот тест-авион „Ф-16“ познат како Кс-62А или ВИСТА, во школата за пробни пилоти на воздухопловните сили во воздухопловната база „Едвардс“ во Калифорнија, кој направил повеќе летови во неколку дена - се наведува во соопштението од ДАРПА.

Летовите покажале дека вештачката интелигенција може да го контролира борбениот авион. ДАРПА почнала да работи на вештачка интелигенција за управување со авиони во 2019 година, а тестирањето на автономни летови почнало во 2020 година.

Американското Министерство за одбрана има над 600 проекти за користење вештачка интелигенција во програмите за одбрана. Само во 2022 година американската Влада потрошила 2,58 милијарди долари на истражување и развој на вештачката интелигенција, пишува „Вајс“. Други проекти со вештачка интелигенција во одбраната вклучуваат роботи и преносна технологија.

Извор: Vice
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија