X
 17.04.2022 Наша тема

Легализација на марихуаната, секој четврти матурант сака да студира во странство, кога бев студент со проф. д-р Гордан Калајџиев... Што пишувавме неделава

По шест години од легализацијата на марихуаната за медицински цели, ефектите се само до 5 отсто, вели Филип Достовски од „Зелена алтернатива“

Концентрациите од упатството колку и како да се користат не се точни, туку се и до 200 пати помали од тоа што навистина му треба на пациентот. Не дека ова намерно го прават, тоа е од незнаење, го лажат пациентот и му го загрозуваат здравјето. Тој мисли дека се лекува, а реално не се лекува, вели Достовски

Кога бев студент со проф. д-р Гордан Калајџиев: Бев одличен ученик и шизик истовремено

Дали еден студент се замислува себеси како професор на истиот факултет каде што студирал, магистрирал и докторирал? На проф. д-р Гордан Калајџиев не му била тоа целта, но повеќе од 30 години работи на Правниот факултет, несебично пренесувајќи им го своето знаење на студентите.

Да ѕирнеме зад кулисите на театарот преку претставата „Грета“ на режисерката Тамара Стојаноска

Премиера на „Грета“ во режија на Тамара Стојаноска се случи минатиот месец во интересен сценски амбиент - стара дрвена клупа, голема закачалка со облека и двајца актери седнати на училишни столчиња. Ликовите не им ги гледаме, ги кријат со препознатливите театарски маски направени од хартија.

Идните студенти пред избор, кои факултети се најатрактивни? Секој четврти матурант сака да студира во странство

Најголем дел од матурантите веќе одлучиле каде ќе студираат, а студиите ќе им ги финансираат родителите.
Некои главната одлука ја донеле заради просперитет, други само ги следеле своите интереси, а некои сметаат дека дипломата ќе им биде билет за странство.

Интервју со Благој Веселинов: Пресреќен сум што сум протагонист во филмот за Бигорскиот манастир

„1000 години сведок на светлината“ е името на новиот документарен филм посветен на манастирот „Св. Јован Бигорски“.  Филмот, чија премиера ќе биде денеска на МТВ, а ќе биде достапен и на официјалниот канал на „Јутјуб“ на Бигорскиот манастир, е во режија на Илија Ико Каров, а протагонист е актерот Благој Веселинов.


Тетово нема ниту море ниту езеро, но има одлични нуркачи

Во водите крај Шибеник 120 нуркачи извадиле 4,5 тони ѓубре за еден час, претежно пластика, а крај Дубровник нуркале 125 колеги, меѓу нив седумтемина членови на екоклубот „Пена“ и осуммина од Охрид


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема