X
 20.01.2018 Живот

Какво образование имаат завршено членовите на кабинетот на Доналд Трамп?

Кабинетот на претседателот Доналд Трамп веќе помина низ неколку промени откако тој ја презеде власта. Генералот Џон Кели, наместо секретар за безбедност, стана шеф на вработените во Белата куќа, а Том Прајс го напушти департментот за здравство и човечки услуги откако користел даночни пари за да финансира скап приватен лет.

фото извор: Donald Trump/Twitter

Иако многу членови на кабинетот не служат во областите за кои имаат експертиза, сите имаат завршено студии на универзитет, некои од нив дури и на престижните американски академски институции. Ова е листата со членови на кабинетот и нивното завршено образование:

1. Државен секретар, Рекс Тилерсон

Бил лидер на марширачкиот бенд „Остин“ на Универзитетот во Тексас, а дипломирал градежено инженерство во 1975 година.

2. Министер за финансии, Стив Мнучин

Бил член на тајното здружение „Череп и коски“ на Универзитетот „Јејл“, а бил и издавач на „Јејл дејли њуз“.

3. Секретар за одбрана, Џејмс Матис

Дипломирал историја на Централниот универзитет во Вашингтон. Завршил и мастер-студии на Националниот воен колеџ во Вашингтон.

4. Генерал Џеф Сешнс

Бил студентски претседател на колецот „Хонтингдон“ во Монтгомери, Алабама. Учел историја и политички науки.

5. Секретар за внатрешни прашања, Рајан Зинке

Играл фудбал за универзитетот во Орегон, во Јуџин. Добил спортска стипендија, но завршил геологија.

6. Секретар за агрокултура, Сони Перду

Исто така, играл фудбал на Универзитетот во Џорџија, но не добил спортска стипендија. Се приклучил на воздушните сили по колеџот, па завршил докторат за ветерина.

7. Секретар за трговија, Вилбур Рос

Сакал да биде писател додека студирал на „Јејл“, па се свртел кон финансии.

8. Секретар за труд и социјална политика, Александер Акоста

Студирал економија на „Харвард“. Како син на кубански емигранти, тој е единствениот човек од латинско потекло во кабинетот на Трамп.

9. Секретар за здравство и човечки услуги, Алекс Азар

Учел економија и владини политики на колеџот „Дармаут“.

10. Секретар за домување и урбан развој, Бен Карсон

Завршил на „Јејл“ откако го добил едниот од највисоките резултати во јавниот образовен систем во Детроит, во изминатите 20 години. Дипломирал во областа психологија.

11. Секретар за транспорт, Илејн Чао

Станала државјанин на САД додека одела на колеџ во Масачусетс. Дипломирала на студиите по економија.

12. Секретар за енергија, Рик Пери

Бил навивач на Универзитетот „A&M“ во Тексас. Дипломирал во областа животинска наука.

13. Секретар за образование, Бетси ДеВос

Била политички активна додека студирала на колеџот „Калвин“ во Мичиген. Дипломирала на студиите по бизнис и економија.

14. Секретар за ветерани, Дејвид Шулин

Изработил научен експеримент додека студирал на колеџот „Хемпшир“, а дипломирал на студиите по наука.

15. Секретар за безбедност, Кирстјен Нилсен

Учела во училиштето за странски сервис „Џорџтаун“. По оставката на Џон Кели, таа го зема неговото место.

16. Шеф на вработени во Бела куќа, Џон Кели

Учел на Универзитетот во Масачусетс откако служел во маринскиот корпус. Дипломирал на студиите по историја и владини политики.

17. Претставник за трговија, Роберт Лајтхајзер

Дипломирал на Универзитетот „Џорџтаун“.

18. Директор на национална интелигенција, Ден Коутс

Дипломирал на студиите за политички науки на колеџот „Витон“.

19. Амбасадор на САД во ОН, Ники Хејли

Дипломирала на студиите за сметководство на Универзитетот „Клемсон“ во Јужна Каролина.

20. Директор на канцеларијата за менаџмент и буџет, Мик Мулвејни

Дипломирал со сите почести на Универзитетот за странски сервис „Џорџтаун“, на студиите по интернационална економија, трговија и финансии.

21. Директор на ЦИА, Мајк Помпео

Студирал механичко инженерство и дипломирал на „Вест Поинт“, со највисоки резултати.

22. „ЕПА“ администратор, Скот Пруит

Добил стипендија за бејзбол на Универзитетот во Кентаки, но се префрлил на „Џорџтаун“, каде што дипломирал политички науки и комуникации.

23. Администратор за мали бизниси, Линда Мек-Мехон

Студирала на Универзитетот „Источна Каролина“, а дипломирала на студиите за француски јазик.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот