X
 22.04.2024 Образование

Економскиот факултет од Прилеп - успешен домаќин на натпревар од циркуларната економија за средношколци од регионот

На Економскиот факултет во Прилеп, единица на УКЛО, се одржа натпревар од областа на циркуларната економија за учениците од средните општински училишта од регионот. Од Економскиот факултет по повод успешната активност посочуваат: „На наше задоволство имаше огромен интерес за овој настан. Имено, на натпреварот учествуваа 21 тим, односно 83 ученици под менторство на 23 наставници од 15 средни училишта, кои ги оценуваше жири-комисија составена од претставници на бизнис-заедницата, меѓу кои потврдени пријатели на Факултетот и компании кои редовно стипендираат студенти од Економскиот факултет - Прилеп, како што се Комфи Ангел, Витаминка, Прилепска пиварница и Prilep Brewery“, вели деканката на Економскиот факултет - Прилеп, проф. д-р Драгица Оџаклиеска.

1

На победничкиот тим, учениците од ОСУ „Мирко Милески“ од Кичево, под менторство на проф. Мена Пејоска, им беше доделена награда во износ од 10.000 денари. Втората награда во износ од 6.000 денари ја добија учениците од СОЗУ „Кузман Шапкарев“ од Битола под менторство на проф. Лидија Трајкова и проф. Живка Иванова, а третата награда во износ од 4.000 денари ја добија учениците од СОУ „Св. Наум Охриски“ - Македонски Брод под менторство на професорот Даниел Крстески.

2

Покрај наградите од Економскиот факултет-Прилеп, беше доделена и награда од компанијата Пакомак во вредност од 10.000 денари на учениците од СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп под менторство на професорката Мирјана Стојческа-Ѓорѓиоска.

Настанот кој обедини средношколци од регионот и ги поврза со Економскиот факултет од Прилеп ја покажа потребата и важноста од ваквото поврзување, негување на природната и каузална врска на средните училишта и Факултетот, од каде што упатија благодарност до сите учесници на натпреварот и воедно изразија надеж за нови и многу вакви заеднички настани што ги поврзуваат средношколците, академијата и реалниот сектор.

3

Натпреварот од циркуларната економија за средношколци од регионот на Економскиот факултет во Прилеп се одржа на 19 април 2024 г.

(Комерцијална објава)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование