X
 18.04.2018 Живот

Наставничка осудена зашто им помагала на ученици да мамат на тест

Наставничка од Сингапур призна дека им помогнала на шест кинески ученици да мамат на тестирање во 2016 година и обвинителите велат дека тоа било елабориран заговор.

Според обвинителите, Тан Ѓа Јен била на тестирањата како посебен кандидат и се поврзувала преку FaceTime за да им ги покаже прашањата на соучесниците, кои потоа им ѕвонеле на учениците и им ги читале одговорите. Учениците успеале да внесат мобилни телефони и блутут-направи и за време на тестирањата носеле „месо боја“ слушалки.

Тан призна дека е виновна за 27 обвиненија. Три други лица ги отфрлија обвиненијата за мамење.


Заговорот бил откриен откако еден од надгледувачите слушнал невообичаени звуци што доаѓале од еден од вмешаните ученици, истакнаа обвинителите. Ученикот бил тргнат настрана по тестирањето и бил замолен да го соблече елекот. На него биле пронајдени мобилен телефон, блутут-направа и слушалка.

На првиот ден од судењето обвинителите истакнаа дека Тан и нејзините соучесници им помогнале на шестмина ученици да мамат на тестирањата во Бордот за тестирање и оценување во Сингапур во октомври 2016 година.

Заменик-јавниот обвинител Вадивалаган Шанмуга истакна дека мамењето било многу софистицирано.

Во периодот кога се случило мамењето, Тан била вработена во образовниот центар „Зевс“.

Другите тројца осомничени се директорот на центарот и уште двајца наставници. Тие ги оспоруваат обвиненијата и се очекува неделава да се појават на судење.

Наводно директорот зел 8.000 сингапурски долари од Кинез како депозит и 1.000 сингапурски долари за секој ученик што се обратил до центарот. Парите требало да им бидат вратени во целост ако учениците не го положиле испитот.

Фото: Freepik
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот