X
 09.06.2016 Образование

7 години затвор за мамење на испит

Приемниот испит за факултетите во Кина се нарекува гаокао, а тој е толку тежок што студентите се собираат во групи и учат седум дена во неделата, 16 часа дневно.


Доколку студентот помине добро на испитот, тој/таа оди на добар факултет и има подобри шанси за добивање добра работа. Доколку резултатите не се добри, шансите за добра кариера се намалуваат. Поради ограничениот број места на факултетите, поголемиот дел од студентите се разочарани со резултатите секоја година.

Стравот од разочарување, како и социјалниот притисок и очекувањата за успех на најблиските е причина поради која многумина одлучуваат да мамат. Моменталната криза со невработеноста само ја влошува ситуацијата.

Мамењето на испитите станало толку често што владата започнала да применува методи за спречување на истото. Порано, студентот фатен додека мами беше суспендиран од училиште, но сега, тој/таа би можел/а да лежи во затвор 7 години. Полицијата има право да ги уапси студентите кои мамат, а тие би можеле да бидат осудени и на 7-годишен затвор.

Некои критичари сметаат дека новиот закон би можел само да го влоши проблемот бидејќи луѓето не би го пријавувале мамењето поради високата казна. Освен тоа, ова би можело да го промени начинот на мамење и да воведе нови начини, како плаќање за тестовите пред испитниот ден и слично.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование