X
 18.05.2022 Образование

Колкави се платите на наставниците во земјите низ светот?

Дали некогаш сте сретнале наставник кој заработува 95.962 евра годишно?

Можеби треба да разговарате со наставниците од Луксембург, каде што нивната почетна плата е речиси 8.000 евра. Наставниците во Луксембург заработуваат 30 отсто повеќе од кои било други наставници во светот, со почетна плата што ја надминува максималната плата на наставниците во секоја друга нација.

Податоците на ОЕЦД од 2021 година покажуваат дека платите за наставниците во Луксембург што имаат 15-годишно искуство се највисоки во Луксембург. Наставниците во средните школи во Луксембург заработуваат нешто повеќе, речиси 104.000 евра на годишно ниво.

Во Луксембург, која важи за една од најбогатите земји во светот, неискусен наставник може да заработи повеќе на својот прв ден отколку што наставниците во речиси сите други земји се надеваат дека ќе заработат во целата своја кариера.

Веднаш зад Луксембург се наоѓа Германија со 76.396 евра плата на годишно ниво. Канада се најде на 3. место, Холандија на 4. место, а Австралија на 5. место.

plata
Фото: OECD

Иако нов наставник во Кореја ќе заработи 28.522 долари во првата година, додека ја достигне границата од 10 години, неговата плата се зголемува на околу 47.500 евра на годишно ниво, а може да достигне до речиси 80.000 евра на годишно ниво.

Во меѓувреме, податоците од ОЕЦД откриваат голем јаз помеѓу највисоко платените и најниско платените наставници низ светот. Платите во четирите најниско платени земји се под почетната плата во 10. најдобро платени земји. Најниски плати има во Словачка, Чешка, Полска и во Унгарија и изнесуваат под 28.530 евра на годишно ниво.

Платите на наставниците во регионот


Наставниците во Босна земаат 9.563 евра плата на годишно ниво. Наставниците во Србија земаат 9.027 евра плата на годишно ниво, додека наставниците во Словенија земаат 15.800 евра плата на годишно ниво.

Највисока плата меѓу земјите од поранешна Југославија земаат наставниците во Хрватска. Нивната плата изнесува 16.071 евро на годишно ниво.

Најниска плата во земјите од регионот земаат македонските наставници. Нивната плата на годишно ниво изнесува околу 6.000 евра на годишно ниво.

Извор: CNBC | OECD | Business Insider | Chalk | Salary Explorer
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование