X
 18.06.2020 Образование

Нема да има електронско пријавување за прием во ученичките домови

Министерството за образование и наука соопшти дека нема да има можност за прифаќање на електронските пријави за прием во јавните ученички домови за учебната 2020/2021 година преку страницата www.konkursi.mon.gov.mk. Во Конкурсот беше наведено дека учениците треба да аплицираат електронски, но сега Министерството соопшти дека треба само да се достават документи до домот во кој ученикот сака да се смести.

Доставувањето на документацијата треба да се направи од 04.07.2020 година до 15.07.2020 година, односно од 10.07.2020 година до 20.07.2020 година во домовите „Искра” - Штип, „Партенија Зографски” - Скопје, „Димитар Влахов“ - Скопје и „Свети Наум Охридски” - Скопје, во кои се сместуваат ученици со посебни образовни потреби.

-Известуваме дека за оние јавни ученички домови за кои со Конкурсот е предвидено пријавување со електронска пријава, потребно е документите да се достават до јавниот ученички дом каде ученикот бара да биде примен, од 04.07.2020 година до 15.07.2020 година, односно од 10.07.2020 година до 20.07.2020 година во домовите „Искра” - Штип, „Партенија Зографски” - Скопје, „Димитар Влахов“ - Скопје и „Свети Наум Охридски” - Скопје во кои се сместуваат ученици со посебни образовни потреби - соопштија од Министерството, од каде додаваат дека сите други услови од Конкурсот остануваат исти.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование