X
 18.11.2022 Живот

Студентски оброк број 17: Бели таљатели

Седумнаесеттиот најстудентски оброк од најмногу четири намирници е бели таљатели.

Во продолжение можете да го погледнете видеото и доколку ви се допадне, да го отворите на „Инстаграм“ и да гласате со лајк.


Доколку сакате да си го приготвите, ова е рецептот:

-1 пакување таљатели (400 г)
-200 г печеница
-200 г чадено сирење
-250 мл неутрална павлака

Подготовка: Во тенџере на оган ставете вода да заврие, додајте сол и масло. Во завриената вода додајте ги таљателите да се варат. Во меѓувреме подгответе го сосот. На завриено масло пропржете ја печеницата, потоа додајте го ренданото сирење и запржете по желба. Варените таљатели додајте ги во сосот, промешајте и сервирајте во чинија. Добар апетит !


Ако сакате и вие да учествувате, ТУКА може да ги прочитате правилата.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот